МАКЕДОНИЈА

ДУИ ја обвинува ВЛЕН за отпуштањето на 11 албански работници од „Македонски шуми“ во Струга

11 јуни 2025

• од Гоце Кически

Опозициската партија ДУИ излезе со остро соопштение во врска со отпуштањето на 11 албански работници од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – единицата во Струга. Според партијата, овој чин е сериозен удар врз достоинството и безбедноста на Албанците во земјата, а воедно и показател за неуспехот на владата да ги заштити правата на вработените Албанци.

„Отпуштањето на овие 11 работници не е само индивидуална неправда, туку симптом на една неуспешна власт која ги принудува Албанците да се борат и за најосновното право – да го задржат своето работно место, кое го добиле со заслуги,“ се наведува во соопштението.

ДУИ ја критикува владејачката коалиција ВЛЕН, која според нив, не само што не обезбедува нови работни места за Албанците во државната администрација, туку и не успева да ги заштити веќе постојните работни позиции. „VLEN не само што не презема ништо, туку молчи. Нивното молчење е соучесништво,“ велат од ДУИ.

Партијата потсетува дека Албанците гласале за достоинство, еднаквост и реална застапеност, а не за „да бидат послаби, поисклучени и поуништувани“. Според нив, ако ВЛЕН не може да ги заштити ниту 11 обични работници од неправда, тогаш „кој е воопшто смислот на нивното учество во власта?“

ДУИ побара итна реакција и враќање на отпуштените работници на своите работни места. „Секое одложување ќе биде уште еден доказ за неспособноста и организираното молчење на оние кои треба да бидат гласот на Албанците,“ стои на крајот од соопштението.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени