18 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Додека премиерот зборува за борба со корупцијата, државните возила завршуваат пред штаб на ВЛЕН во доцните часови – паркирани непрописно и без одговор од институциите.
„Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го последниот извештај на ГРЕКО. Но, неколку дена по оваа порака за "нова ера" на отчетност и транспарентност, нашата редакција наиде на сцена која ја става под прашалник таа реторика.
Околу 23 часот на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај ТЦ „Мавровка“, фативме неколку луксузни „шкоди“ – паркирани на тротоар и пред пешачки премин, спротивно на сите сообраќајни правила. Дел од возилата имаа скоро идентични регистрациски таблички, индицирајќи дека можеби се во државна сопственост. Следеше проверка.
Од Службата за општи и заеднички работи на Владата добивме брз одговор – две од возилата, конкретно:
…се доделени на двајцата вицепремиери: Изет Меџити (воедно министер за животна средина) и Арбен Фетаи (вицепремиер за добро владеење). Третото возило, SK 5227 BS, не е во сопственост на Владата, соопштија од службата.
Иако не е незаконски државни функционери да ги користат возилата за службени цели и по работно време, постојат низа прашања кои се отвораат: Што правеле вицепремиерите околу 23 часот, во близина на седиштето на нивната партија ВЛЕН? Дали се работело за службени активности? И зошто возилата биле паркирани непрописно?
Овие прашања беа испратени до Владата, Службата за општи и заеднички работи, Министерството за животна средина и до самиот вицепремиер за добро владеење. Одговори – нема. Веќе поминаа два работни дена, а молкот е гласен.
Иронијата е во тоа што коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е на власт, во времето кога беше опозиција редовно критикуваше вакви злоупотреби од страна на СДСМ и ДУИ, бараше оставки и бараше воведување механизми за отчетност.
Сега, иако новата Влада најави регистарски таблички во боја за службените возила и можност за јавноста да пријави злоупотреби, конкретниот случај ги надминува техничките решенија – бара одговорност. „Ќе бидат маркантни како знамето“, ветуваше владин функционер неодамна. Но, вечерта на 15 јули, службените возила не беа „маркантни“ по бојата, туку по локацијата и времето на користење.
Прашањето останува: дали Владата навистина има намера да се справи со старите навики или сè ќе остане на зборови за „нова култура на владеење“? Премиерот зборува за борба против системската корупција, но системот не се менува со молк и игнорирање на непријатни прашања. Сè додека институциите молчат, граѓаните ќе се сомневаат во искреноста на реформите.
Фотографиите и документацијата се достапни во редакцијата. Очекуваме одговори. Ќе продолжиме да прашуваме.
Извор: 360 Степени
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство