06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Трибината организирана од министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, заедно со директорот на ЈП „Македонски шуми“, Здравко Трајанов, и локални функционери во Битола, помина во тензична атмосфера и со бројни критики од присутните граѓани.
Настанот, кој требаше да биде платформа за дијалог со земјоделците, се претвори во отворена трибина за изразување незадоволство од работата на институциите. На социјалните мрежи беа објавени повеќе видеа во кои земјоделци упатуваат остри забелешки кон министерот, посочувајќи проблеми со поддршката, субвенциите и управувањето со секторот.
Дополнително, до редакцијата на Инфомакс пристигнаа видеоматеријали од самата трибина, во кои дел од присутните директно му поставуваат прашање на директорот на „Македонски шуми“ дали во Битола постојат вработени кои примаат плата, а не доаѓаат на работа. На ова прашање, Трајанов одговара потврдно, што предизвика реакции кај присутните.
Ова признание отвори сериозни сомнежи за функционирањето на јавното претпријатие и евентуални злоупотреби во системот на вработување и контрола.
На трибината присуствуваа и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски.
Настанот заврши без конкретни одговори на дел од клучните прашања поставени од граѓаните, но со јасна порака за зголемено незадоволство и барање за поголема одговорност од страна на надлежните институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

