14 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Комисијата за европски прашања во бугарското Народно собрание, Димитар Грдев, остро реагираше на последните инциденти во Северна Македонија, посочувајќи дека агресијата кон лицата со бугарска самосвест е алармантна и недозволива.
„Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која според одредени тврдења поседува и бугарски пасош, беше брутално претепана во болница, при што ѝ се заканувале со силување и убиство на нејзиното семејство – само затоа што е Бугарка. Ова е апсолутно неприфатливо. Овој вишок на агресија ги премина сите граници“, изјави Грдев во студиото на „Денят ON AIR“.
Иако во јавноста неколку пати се појавија информации дека Арсовска има бугарско државјанство, таа самата досега јавно го негира тоа. Сè уште нема официјална потврда дали навистина поседува бугарски пасош, а случајот останува нејасен во однос на нејзината државјанска припадност.
Сепак, Димитар Грдев нагласи дека Бугарија има целосно право да ги заштитува своите граѓани и лица со бугарски пасош, посочувајќи дека во Република Северна Македонија живеат околу 216.000 лица со бугарски документи, што е приближно 10% од вкупното население.
„Станува збор за ожесточена антибугарска кампања. Бугарите таму не можат ни тужба да поднесат до Европскиот суд за човекови права, бидејќи штом ја наведат својата етничка припадност, документите им се уништуваат. Според македонскиот Устав, такви луѓе – едноставно – не постојат,“ изјави Грдев.
Тој повика Европската унија и меѓународната заедница да преземат конкретни мерки за заштита на човековите права на Бугарите во Северна Македонија и да се стави крај на, како што рече, системската дискриминација и институционалното негирање на нивниот идентитет.
Вигенин за Северна Македонија: Нема компромис со историјата и со правата на Бугарите
Бугарин со историја на Вимблдон: Иван Иванов нов јуниорски шампион без загубен сет!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден