22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Кочани, синоќа се одржа десеттиот по ред „Марш за ангелите“, на кој родителите на децата што трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ уште еднаш јавно побараа одговорност од надлежните институции. Преку мирен, но длабоко емотивен протест, тие повикаа на целосно расветлување на трагедијата и идентификација на сите одговорни.
Маршот започна од Паркот на Револуцијата, продолжи кон Трговскиот центар и Општинската зграда, а потоа се задржа пред Полициската станица во Кочани. Таму, родителите поставија низа прашања до Министерството за внатрешни работи (МВР) и министерот Панче Тошковски, барајќи одговори зошто полициската акциска контрола на кобната ноќ не била спроведена според законските прописи.
Тие побараа разјаснување дали контролата била законски извршена, дали светлата биле вклучени, музиката стопирана и дали полициските службеници презеле соодветни мерки за евакуација на присутните. Загриженоста на родителите дополнително се продлабочува со прашањата дали полицајците првин ги спречувале децата да излезат, за потоа да ја отворат вратата откако огнот се проширил, и дали тие први избегале кон излезот.
– Бараме одговорност од МВР, објаснување зошто службениците не дејствувале согласно прописите и дали се повикани на распит или осомничени, порачаа родителите.
Маршот продолжи до Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани, каде протестантите го свртеа вниманието кон улогата на Управата за јавни приходи (УЈП). Тие изразија револт што, и покрај тоа што сметката на фирмата-сопственик на дискотеката била блокирана уште на 16 август 2024 година, „Пулс“ продолжил да работи до фаталната вечер.
Родителите прашаа зошто УЈП не ја презела законската обврска за затворање на локалот, кој бил надлежен за иницирање на стечајната постапка и дали воопшто било направено некакво надзорно дејствие од страна на даночен инспектор. Тие се интересираа и за тоа дали инспекторот за економски криминал при МВР ги проверил очигледните нерегуларности.
– Ова не е последица на една грешка, туку на цел системски колапс. Институциите знаеле за нерегуларностите пред трагедијата, а никој не преземал ништо. Бараме секој пропуст да се идентификува и секој виновник да биде повикан на одговорност, порачаа родителите пред Јавното обвинителство.
Со овој марш, семејствата уште еднаш потсетија дека борбата за правда не е завршена и дека ќе продолжат да се борат за вистината – во чест на загинатите млади животи и во име на систем кој мора да биде праведен и одговорен.