МАКЕДОНИЈА

Десетина ученици отстранети од матурата поради обид за препишување од телефон

02 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На првиот екстерен испит од државната матура, што се одржа во саботата, десетина ученици биле отстранети од полагањето бидејќи се обиделе да препишуваат со помош на мобилни телефони. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

– Според информациите со кои располагаме во моментот, бидејќи процесот на собирање податоци сè уште трае, досега се регистрирани десетина ученици кои биле исклучени од испитот поради користење телефони. Оваа бројка е значително помала во споредба со минатата година, што укажува на позитивен тренд – изјави Јаневска при посетата на училиштето „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Таа додаде дека очекува бројот на инциденти да биде уште помал на вториот екстерен испит, кој ќе се одржи на 11 јуни, благодарение на зајакнатите мерки за контрола. Според неа, конечниот број на ученици кои биле фатени во обид за препишување ќе биде познат по завршувањето на испитниот процес.

Министерката уште еднаш упати апел до матурантите да не се обидуваат „да го излажат системот“, посочувајќи дека со таквите постапки најмногу штета си нанесуваат самите себе.

– Со ваквото однесување ризикуваат да изгубат една година од животот, или да го загрозат својот понатамошен образовен и професионален пат – предупреди Јаневска.

Првиот дел од државната матура, кој е задолжителен за сите матуранти и опфаќа тест по мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски) и литература, го полагаа над 15.000 ученици. Вториот екстерен испит, за кој најголем број матуранти – повеќе од 13.000 – се пријавиле за тестот по англиски јазик, ќе се одржи на 11 јуни.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени