МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преподобен Висарион

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На денешен ден, православната црква го празнува споменот на Преподобен Висарион, еден од најголемите подвижници и чудотворци на Источната Црква.

Висарион е роден и воспитан во Египет, земјата која дала многу светители и пустински отци. Од најрана возраст се предал на духовен живот, со ретка чистота и непоколеблива вера. Од моментот кога го прими Светото Крштение, не ја извалка духовната одежда и остана верен на заветот што го даде пред Бога.

Во потрага по духовно совршенство, Преподобен Висарион ги посетил големите духовни авторитети на своето време – свети Герасим Јордански и свети Исидор Пелусиот. Нивните поуки и благодат го охрабриле да го зацврсти подвигот во пост и молитва. Тој строго го победувал телото со пост, непрестајни бденија и целосно откажување од удобностите на светот, сето тоа без желба да се истакне или да добие пофалба од луѓето.

Еден од највпечатливите моменти од неговиот живот е сведоштвото дека четириесет дена непрекинато стоел на молитва – без да јаде, без да спие, без да се одмори. Тој бил вистински ангел во тело.

Неговиот живот не бил врзан за едно место – Преподобен Висарион немал постојано живеалиште, туку талкал низ шуми и долини, сè до длабока старост. Сепак, каде и да одел, оставал трага на Божја милост. Исцелувал болни, извршувал чуда, и сето тоа не за своја слава, туку за полза на луѓето и во прослава на Бога.

Се упокоил мирно во 466 година, оставајќи зад себе светол пример на подвиг, смирение и љубов кон Бога и луѓето. Преподобен Висарион останува вечно жив во паметењето на Црквата како сведоштво дека светоста е достижна за секој кој искрено се предава на Бога.

Нека неговиот живот биде поттик и инспирација за сите нас!

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени