19 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
На оваа света земја, Сисој го продолжи подвигот на својот учител, предавајќи се на тешки аскетски трудови. Толку ја скроти својата волја, што стана незлоблив и кроток како јагне. Бог, гледајќи ја неговата смиреност и вера, го обдари со голема благодат: свети Сисој имаше дар да исцелува болни, да изгонува демони, па дури и да воскреснува мртви.
Во пустината се подвизуваше цели шеесет години, станувајќи живо светило за сите околу себе. Монаси и мирјани постојано го посетуваа, барајќи духовна поука и утеха. Тој, исполнет со мудрост и благодат, ги поучуваше со едноставни, но длабоки зборови. Една од неговите најпознати поуки гласи: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла.“
На прашањето на еден монах: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“, авва Сисој одговорил: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век.“
Пред својата блажена кончина, лицето на светителот заблескало како сонце. Во моментот кога ја испуштил својата душа, келијата се исполнила со прекрасно благоухание – сведоштво на неговата светост и Божјото присуство. Се упокои во длабока старост, во 429 година.
Свети Сисој Велики останува засекогаш жив во преданието на Црквата како пример на смирение, трпение и вистинска љубов кон Бога. Неговиот живот е потсетник дека преку подвиг, молитва и духовна будност, човекот може да се издигне над земното и да се соедини со небесното.Свети Сисој Велики, еден од најсветлите ликови меѓу пустинските отци, се родил во Египет и од младост се посветил на духовен живот. Бил ученик на свети Антониј Велики, столбот на христијанското монаштво. По смртта на својот духовен отец, свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева, местото каде што и самиот Антониј се подвизувал.
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство