28 мај 2025
• од Вардарски
Денес Православната црква го празнува споменот на Преподобен Пахомиј Велики, еден од најзначајните духовни водачи и основоположници на организираниот монашки живот.
Пахомиј по потекло бил Египќанец, роден во незнабожечко семејство. Во времето на царот Константин Велики, тој служел во војската на Римското Царство. Таму, запознавајќи се со христијанската вера, длабоко поверувал во Христа и неговото спасение. Желбата за духовен подвиг го одвела во Тиваидската пустина, каде што станал ученик на прочуениот подвижник Паламон. Под негово духовно раководство, Пахомиј се усовршувал во монашкиот живот цели десет години.
Во текот на тој период, според преданието, му се јавил ангел Божји кој му заповедал да подигне манастир и му го предал уставот на монашката општежителност. Така, Пахомиј го изградил првиот манастир составен од повеќе келии, кои за кратко време се наполниле со монаси што жеднееле за духовен живот.
Поттикнат од духовниот успех, Преподобен Пахомиј основал уште шест манастири и раководел со монашката заедница што броела илјадници подвижници. Тој на многумина им бил пример со своето смирение, трудољубие и воздржаност. Неговиот живот и дела оставиле длабоки корени во историјата на христијанското монаштво.
Свети Пахомиј се упокоил во Господа на 74-годишна возраст, во 348 година. Неговото дело живее до денес како темел на општожителното монаштво, форма на заеднички живот во манастирите каде што сè се дели – и трудот, и молитвата, и љубовта.
Нека неговиот светол пример нè поттикне на посветеност, смирение и служење на Бога и на ближниот.