МАКЕДОНИЈА

Делови од Скопје во сабота без вода поради интервенции на водоводната мрежа

28 мај 2025

• од Вардарски

Неколку скопски населби ќе останат без вода во сабота, 31 мај 2025 година, поради планирани интервенции на главната водоводна мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје.

Според соопштението, активностите ќе започнат во 00:00 часот и ќе траат до 15:00 часот, со цел изведба на главен водоводен приклучок, монтажа на игличест регулациски вентил, како и поврзување на два магистрални цевководи — ф-1600 мм и ф-700 мм — на потегот од Железара до булеварот „Александар Македонски“. Новиот магистрален цевковод ф-700 мм ќе се поставува по должината на новопланираниот булевар „Хрватска“.

„Најголем дел од времето е предвиден за празнење и полнење на магистралниот цевковод, процес кој бара внимателна и прецизна изведба,“ велат надлежните.

Поради овие активности, со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат зафатени следните населби и улици:

  • Визбегово
  • булевар „Босна и Херцеговина“
  • Чаир
  • Топанско Поле
  • Автокоманда (само високата зона)
  • Железара
  • Бутел 1

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација – Скопје“ презема серија подготвителни мерки, вклучувајќи ангажирање на осум тимови, механизација, алати и пумпи, како и проверка на воздушни вентили, испусти и хидранти долж магистралниот цевковод.

„По утврдување на исправноста на сите елементи, ќе се овозможи безбедно празнење и повторно полнење на системот со вода,“ информираат од ЈП „Водовод и Канализација“.

Граѓаните кои живеат во зафатените подрачја се повикуваат да обезбедат соодветни залихи на вода и да ја следат комуникацијата од надлежните институции за понатамошни информации.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени