15 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Данската амбасадорка со седиште во Белград, Перниле Деилер Кардел, упати силна порака за поддршка на евроинтеграциите на Северна Македонија, потенцирајќи дека моментумот за проширување на Европската Унија е поголем од кога било досега. Таа ја претстави програмата на данското претседателство пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието и повика на искористување на оваа ретка можност.
„Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширување која е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членки на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме и да ве поддржиме“, изјави Кардел.
Таа нагласи дека, иако не може да се гарантира членството, важно е земјата да работи заедно со европските партнери и да не биде оставена настрана од процесот на интеграција. Според неа, оваа шанса мора да се искористи.
Во своето обраќање, амбасадорката посочи и дека Данска по осми пат претседава со Советот на ЕУ, но дека првпат се соочуваат со сериозна геополитичка неизвесност.
„Несигурната геополитичка ситуација секојдневно влијае врз приоритетите. Под мотото 'Силна Европа за време на промени', имаме два сета приоритети – безбедна Европа со силни надворешни граници и проширување, и конкурентна, отпорна Европа. Проширувањето е во срцето на данското претседателство“, додаде Кардел.
Таа отворено призна дека во минатото постоел „замор“ од процесот на проширување, а и Данска била дел од земјите кои биле скептични. Но сега, подвлече, ставот е јасен – Европа мора да се обедини, а проширувањето стана еден од главните приоритети, поттикнато и од безбедносните предизвици, особено по руската агресија врз Украина.
„Имаме една единствена порака – дојде време да се здружиме, да бидеме обединети и да продолжиме со проширувањето како клучен приоритет. Под концептот за безбедна Европа е и нашата способност да се одбраниме“, заклучи Кардел.
Од македонска страна, претседателот на Комисијата за европски прашања Антонио Милошоски ја поздрави поддршката, но истовремено изрази сомнеж во конкретноста на европските намери, потсетувајќи дека слични пораки се слушаат веќе со децении.
„Веќе 20 години слушаме дека моментот е сега – уште од Хавиер Солана. Но не сме сигурни дали ЕУ има капацитет овој момент да го преточи во конкретен календар којшто ќе даде извесност за земјите-кандидати, без тие да бидат попречувани од билатерални прашања“, рече Милошоски.
И покрај скептицизмот, пораката од данското претседателство останува јасна – вратата на ЕУ е отворена, а Северна Македонија треба да го искористи моментумот за да стане дел од европското семејство.
Вигенин за Северна Македонија: Нема компромис со историјата и со правата на Бугарите
Бугарин со историја на Вимблдон: Иван Иванов нов јуниорски шампион без загубен сет!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден