МАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска со тешки обвинувања против Висар Ганиу: „Фалсификати, прикривање на дивоградби и неказнивост“

07 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, изнесе сериозни обвинувања против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во рамки на гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Во своето интервју, Арсовска посочи низа нерегуларности поврзани со легализација на дивоградби, злоупотреба на службена положба и фалсификати.

Арсовска откри дека уште пред три години се започнало со постапки за одбивање на обиди за незаконска легализација, меѓу кои биле и предметите на Ганиу. „Секоја дивоградба што беше спротивна на законот, му беше вратена со пропратна документација. Му беше кажано или да обезбеди соодветни документи или да ги сруши објектите. Тој престана да постапува и така се наталожија 150 случаи“, рече Арсовска.

Според неа, во март 2025 година, непосредно пред избори и по неколку инциденти со запалени возила, Ганиу извршил два фалсификата, придружени со десетина други документи, со цел да ги запише објектите во Катастарот на недвижности. „Со докази зборувам. Фалсификатот е поднесен до Јавното обвинителство и никој не реагира“, потенцираше таа.

Арсовска обвини дека институциите молчат, иако е јасно дека Ганиу не само што направил фалсификати, туку и избришал податоци од Катастарот. „Тоа е јавен податок. Директорот на Катастарот го потврди. За 24 часа му се брише предметот“, нагласи таа.

Во емисијата се разговараше и за пошироката состојба со дивоградбите низ Скопје. Арсовска истакна дека во сите општини се постапува согласно законот, кој дозволува легализација само на објекти изградени до 2011 година. Но, според неа, случајот со Ганиу е исклучок: „Граѓаните со години се обидуваат да легализираат објекти од по 10-20 квадрати, а тој сака да легализира цели згради со по 50 станови изградени минатата година“.

Таа додаде дека проблеми има и во Сарај, каде неодамна е откриена фирма која уништува јавни површини и поврзува фекална канализација со атмосферска. Според Арсовска, Сарај е и општина со најмногу диви водомери.

На прашањето дали вака реагира и во општини каде што градоначалниците ѝ се блиски, Арсовска одговори дека постапките се исти за сите. „Со Ганиу никогаш не сум била во добри односи, како што не сум и со други. Со Стевче Јакимовски, на пример, не сакам ни да се видам“, додаде таа.

Арсовска најави и можно организирање протестен камп пред Обвинителството ако не се преземат мерки.

📺 Погледнете го целосното интервју со Данела Арсовска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени