МАКЕДОНИЈА

Црвен крст: Собрани над 2,5 милиони евра за настраданите од пожарот во Кочани

29 мај 2025

• од Вардарски

Црвениот крст на Северна Македонија соопшти дека досега се собрани 156.542.967 денари, односно над 2,5 милиони евра, во рамки на хуманитарниот апел за помош на настраданите од катастрофалниот пожар што го зафати градот Кочани на 16 март 2025 година.

Според најновите информации од организацијата, средствата се користат за директна финансиска поддршка на семејствата што претрпеа најголеми загуби. Досега се исплатени вкупно 107.449.101 денар:

  • 52.038.593 денари за семејствата на починатите,
  • 44.163.258 денари за настраданите кои се лекуваа во странство,
  • 11.247.250 денари за повредените кои се лекуваа во земјата.

Преостанатите 46.593.866 денари ќе бидат распределени врз основа на проценки за тежината на повредите, времетраењето на лекувањето и реалните потреби на погодените, направени од стручни и компетентни институции. Црвениот крст нагласува дека распределбата ќе биде внимателно планирана со цел фер и објективна поддршка на сите настрадани.

Организацијата упати благодарност до сите донатори кои покажаа солидарност и хуманост, и истакна дека активностите на терен продолжуваат. Посебен акцент се става на обезбедување психолошка поддршка за погодените семејства, со цел полесно справување со последиците од трагедијата.

Црвениот крст најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за понатамошната распределба на средствата и спроведените активности.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени