МАКЕДОНИЈА

Црна статистика: Над 20.000 починати во Македонија за една година!

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во текот на минатата година, бројот на починати лица во Македонија е зголемен за 0,1 процент, според најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од вкупно 20.201 починато лице, поголем дел се мажи – 10.604 или 52,5 отсто, додека жените сочинуваат 47,5 проценти или 9.597 случаи.

Анализата покажува дека мажите умираат во просек 4,9 години порано од жените. Просечната возраст кај починатите мажи изнесува 71,9 години, додека кај жените 76,8 години.

Според месецот на смртта, најмногу смртни случаи се забележани во јануари – 2.010 лица, додека најмалку во април – 1.518 случаи.

Кај починатите доенчиња се регистрирани 47 случаи, што претставува 0,2 отсто на секои 100 починати лица.

Кога станува збор за причините за смрт, најголем дел од смртните случаи – 36,7 отсто – се должат на болести на циркулаторниот систем, како што се срцеви и мозочни удари. Следат смртите од неоплазми (тумори) со 19,6 отсто, ендокрини, нутритивни и метаболички болести со 7,7 отсто, а болестите на респираторниот систем се застапени со 4,1 отсто.

Овие податоци укажуваат на потребата од засилени превентивни здравствени мерки, особено во насока на спречување и рана дијагноза на болестите кои доминираат како причина за смртност во земјата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени