МАКЕДОНИЈА

Цреши за 1.359 денари – Македонија станува земја за милионери

09 мај 2025

• од Вардарски

Ценовниот шок што го доживуваат граѓаните по маркетите во Македонија станува сè понеподнослив. Фотографиите на цреши со цена од 1.359 денари за килограм станаа симбол на апсурдната ситуација во која се најдовме – но тие не се единствениот пример. Јаболка од 100 денари, банани над 100 денари, цитрони за 130 денари, а да не зборуваме за хигиенските производи и основните намирници кои преку ноќ поскапеа веднаш по завршувањето на владината мерка за замрзнати маржи.

Она што најмногу ја лути јавноста е што Владата, пред да ја укине мерката, уверуваше дека нема да има драстично зголемување на цените, бидејќи ќе следат инспекции и контроли. Но, реалноста брзо ги демантираше тие ветувања. Цените експлодираа, а купувачите секој ден се шокираат пред рафтовите.

Хигиенските производи – влажни марамчиња, тоалетна хартија, пасти за заби – за само една недела ги изгубија „нормалните“ цени, а на нив се надоврзаа маслото, јајцата, млекото, сирењето, па дури и чоколадото и кафето. Иронијата е што трговците сега ја префрлаат вината на производителите и дистрибутерите, додека крајниот потрошувач останува заглавен меѓу профитите и бескрајните оправдувања.

Но, она што најмногу загрижува е што, според неофицијални информации, најлошото допрва доаѓа. Во втората половина на месецот, најавени се нови, уште поголеми поскапувања. Во вакви околности, се поставува прашањето: што ќе преземе државата? Ќе ги остави ли граѓаните сами да се снаоѓаат во борбата со бескрупулозните пазарни сили, или конечно ќе воведе мерки кои навистина ќе го заштитат стандардот на населението?

Време е за конкретна акција, а не за празни изјави. Бидејќи, ако цените продолжат да растат со вакво темпо, прашање на време е кога и основните намирници ќе станат луксуз за најголемиот дел од граѓаните.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени