29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Со почетокот на новата летна сезона во Охрид, повторно се појавија бројни поплаки од туристите за енормните цени во угостителските објекти.
Во едно од охридските кафулиња, еспресото се продава по цена од 150 денари, додека Американото достигнува 170 денари. Во локалните ресторани, пак, цените се уште повисоки: порција помфрит чини 350 денари, салата 600 денари, а рижото цели 900 денари. За појадок, едноставна комбинација од јајца, сланина и зеленчук чини 430 денари.
На забелешките од туристите дека цените се речиси на ниво како во странство, еден локален угостител со типичен охридски дух кратко одговорил: „Ако ви е скапо, не доаѓајте.“
И покрај високите цени, Охрид и годинава бележи добра посетеност, иако сопствениците на сместувачки капацитети велат дека бројот на гости е помал од лани. Сепак, забележливо е зголемено присуство на туристи од Турција, а меѓу посетителите има и доста домашни гости.