ЦУК: Девет пожари на отворено, 1.803 повици
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 803 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 65,28%, а 34,72% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 68,15%, кон Итната медицинска помош 22,59%, кон пожарникарите 6,67%, а кон АМСМ 0,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, имало 785 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,22%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (34,48%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Девет пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Струмица, с. Дабиле (ниска вегетација, жито, и три пластеника); Богданци, с. Стојаково и с. Селемлија (Дива Депонија); Свети Николе на два пожара, кај с, Црнилиште и кај местото „Канда“ (ниска вегетација и кров од објект); Неготино, на месноста „Прждевска Станица“ (горело жито); Битола, с. Габалавци (ниска вегетација); Штип, близу фирмата „Церада Дизајн“ (нискостеблеста вегетација); Куманово, кај населбата „Банево Трло“ (ниска вегетација и грмушки) и во Општина Крива Паланка, кај Луке на месноста „Долинарци“, (гореле ниска вегетација, папрат и букова шума).
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.