21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во гостување во емисијата „Пресврт“ на „Слободен печат“ изјави дека падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е очекуван и реален, како резултат на, како што вели, нивната неспособност да управуваат со државата и ресорите кои ги контролираат.
– Според внатрешните истражувања кои ги спроведуваме, СДСМ бележи раст, додека ВМРО-ДПМНЕ доживува драстичен пад на поддршката. Тоа е последица на реалната некадарност и некомпетентност на нивниот кадар. Граѓаните живеат сѐ потешко, куповната моќ се намалува, инфлацијата ги јаде платите, а власта нема никакви решенија – изјави Чупеска.
Таа нагласи дека граѓаните се сѐ поразочарани од актуелното раководство и дека СДСМ, за разлика од нив, се подготвува сериозно и систематски за претстојните локални избори.
– СДСМ не се води од импровизации. Нашата стратегија се темели на детални истражувања, сериозни анализи и демократски внатрепартиски консултации. Работиме со посветеност и одговорност, како на терен, така и во аналитичкиот дел – со цел да изградиме силна, конкретна и содржајна програма која ќе понуди решенија за вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните во секоја општина – рече Чупеска.
Потпретседателката на СДСМ истакна дека веќе се работи на избор на најдобрите кандидати за градоначалници, вклучувајќи го и кандидатот за Град Скопје. Таа најави дека листата ќе биде составена од професионалци со интегритет, кредибилитет и препознатливост во своите заедници.
– Нашата цел е да изградиме силен настап на локалните избори и да ја вратиме довербата на граѓаните. Ќе настапиме со луѓе кои имаат реален капацитет да донесат промени – заклучи Чупеска.