11 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во изминатите денови низ државата се евидентирани вкупно 14 пријави за семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Еден од случаите е регистриран во Скопје, каде полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје привеле 68-годишен скопјанец со иницијали Љ.Б. Според информациите од МВР, тој во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода му се заканувал со остар предмет на својот 35-годишен син. По пријавата, полицијата презела мерки и го лишила од слобода осомничениот.
Друг случај се случил на 8 март во 21 часот во општина Аеродром во Скопје. Полициски службеници го привеле 31-годишниот А.К. од Скопје, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 30-годишна бремена сопруга.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата продолжува со преземање мерки за целосно расчистување и документирање на сите пријавени случаи на семејно насилство. По завршување на постапките, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

