Честитки од државниот врв по повод Курбан бајрам
Муслиманските верници го слават Крбан Бајрам, државниот врв со честитки до верниците од исламска вероисповед.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката за курбан бајрам порача-да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо, без разлика на верската, етничката, половата или која било припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.
Премиерот на техничката влада Талат Џафери во честитката за празникот напиша – Курбан бајрам нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди.
Курбан бајрам е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба. Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин, стои во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски.