21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во неодамнешно телевизиско интервју за бугарската телевизија БТВ, историчарот Наум Кајчев, заменик-претседател на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и научни прашања, ја обвини Македонија дека свесно поттикнува омраза кон Бугарија, при што ја лоцира коренот на оваа политика во периодот по Втората светска војна.
„Другата цел што се обидуваат да ја постигнат е дополнително да ја зголемат тензијата на негативните чувства кај граѓаните на земјата. За жал, ова е еден рефлекс уште од 1944 година, во доктрината на македонизмот е вградено дека по секоја цена мора да има една омраза кон својот сосед, особено во однос на Бугарија“, изјави Кајчев. Според него, антагонизмот кон Бугарија е системски вграден во македонскиот национален наратив и продолжува да се негува и во современиот период.
Кајчев ја истакна и парадоксалната положба на македонското општество, каде, како што вели, сè уште постои носталгија кон времето на Југославија и Тито, иако официјално државата се има дистанцирано од тој период. „Парадоксално е што слушаме оценки, повици за враќање во 1946 година. Има едно преживување на времето на Тито, на Титова Македонија, како некаков вид златно доба на оваа државност, што е парадоксално. Тие наводно се дистанцирани од Југославија и од Тито, а тој сè уште е патрон на двете најважни средни училишта во земјата“, забележа тој.
Изјавите на Кајчев доаѓаат во контекст на зголемени тензии меѓу Скопје и Софија, особено околу историските толкувања и прашања поврзани со идентитетот, образованието и европските интеграции. Мешовитата историска комисија, во која учествува и Кајчев, треба да помогне во надминување на овие разлики, но изјави од ваков тип покажуваат дека процесот останува чувствителен и политички наелектризиран.