06 март 2026
• од Гоце Кически
МНР на Бугарија изрази загриженост поради вандалскиот напад врз клуб на бугарската заедница во Битола, оценувајќи дека станува збор за уште еден инцидент насочен кон луѓе кои се идентификуваат како Бугари во Северна Македонија.
Заменик-министерот за надворешни работи Марин Рајков, во изјава дадена како одговор на медиумски прашања, истакна дека бугарската страна со загриженост констатира дека повторно е извршено посегнување врз еден од клубовите на бугарската заедница во Република Северна Македонија.
„Овој чин го разгледуваме како одраз на политички спонзорирана и непрестајна кампања против илјадници граѓани на Република Северна Македонија кои се самоопределуваат како Бугари од Северна Македонија“, наведува Рајков.
Од бугарското Министерство за надворешни работи очекуваат официјалните власти во Скопје да реагираат согласно обврските преземени во рамки на европскиот консензус од јули 2022 година.
Според бугарската дипломатија, ваквата реакција би била во согласност и со европските аспирации на голем дел од општеството во Република Северна Македонија.
Инцидентот со клубот во Битола доаѓа во период кога односите меѓу двете земји и понатаму се чувствителни, особено во контекст на европската интеграција на Северна Македонија и прашањата поврзани со правата на бугарската заедница во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

