МАКЕДОНИЈА

Бугарија потврдува дека ќе нема дополнителни услови надвор од Францускиот предлог

11 јуни 2025

• од Тодор Вангелов

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, во телефонски разговор со својот македонски колега Тимчо Муцунски официјално го информираше за одлуката на 51-то Народно собрание на Република Бугарија, усвоена на 30 мај 2025 година, во врска со напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Министерот Георгиев јасно подвлече дека со оваа одлука се потврдува дека Бугарија нема услови кои излегуваат надвор од елементите на Европскиот консензус (Француското предлог-решење од јули 2022). „Ова е важен сигнал за конструктивниот пристап на нашата држава и покажува наша подготвеност за поддршка на евроинтегративниот пат на Северна Македонија, без поставување на нови или дополнителни барања,“ изјави Георгиев.

Во истата насока, заменик-министерката за надворешни работи Елена Шекерлетова, на средба во Софија, официјално го врачи текстот на одлуката на амбасадорката на Република Северна Македонија во Софија, Агнеза Руси Поповска. Таа истакна дека одлуката е резултат на широко политичко согласување во Бугарија околу европската перспектива на Западен Балкан и ги реафирмира заложбите на Софија за поддршка и соработка.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласија дека се надеваат оваа јасна порака – дека Бугарија нема нови услови и останува доследна на Европскиот консензус – ќе биде правилно разбрана и пренесена од страна на македонското политичко раководство и пошироката јавност.

Со ова, Бугарија уште еднаш го демонстрира својот континуиран ангажман и доследност во поддршката на европскиот пат на Република Северна Македонија, без да наметнува дополнителни пречки надвор од договорените европски рамки.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени