Борисов кон Мицкоски: Сега веќе не можете да сметате на нашата поддршка
„Договорите, особено меѓународните, кои се дел од преговарачката рамка на ЕУ, се почитуваат. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, обраќајќи му се на премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, јавува БГНЕС.
Борисов изјави дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат. Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија“, смета Борисов.
Тој нагласи дека доколку има редовен кабинет ќе иницира средба со премиерот на РСМ.
„Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега нека бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега не можат да сметаат на истата“, категоричен е лидерот на ГЕРБ.