02 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Водителот Борче Костески јавно се обрати до јавноста со цел да ги демантира, како што вели, „лажните информации“ кои се шират во врска со неговиот статус и наводните случувања поврзани со него.
Во својата изјава, Костески нагласи дека не е лишен од слобода и дека неговите лични документи не му се одземени.
„Сакам да демантирам дека тоа што ми е одземен пасошот и дека сум бил лишен од слобода – тоа се лаги. Јас сум моментално дома и пасошот и личната карта се кај мене“, изјави тој.
Тој исто така ги отфрли тврдењата дека медиумот со кој е поврзан има бугарско потекло, нагласувајќи дека станува збор за македонски канал.
„Каналот е во Македонија, сите добро знаете каде е и дека е македонски, а не бугарски. Работи за правото на граѓаните и за европска Македонија“, додаде Костески.
Во продолжение, тој се осврна и на денешните случувања во неговиот дом, оценувајќи ги како организирана хајка насочена кон гасење на медиумот.
„Тоа што се случи денес кај мене дома е смислена хајка за медиумот да згасне“, истакна тој, додавајќи дека е подготвен да даде изјава за сите медиуми кои ќе го повикаат.
Костески категорично ги негираше и најсериозните обвинувања поврзани со нелегални активности.
„Демантирам дека имам каква било врска со детска порнографија. Немам никаква поврзаност со такви работи“, рече тој, посочувајќи дека случајот веќе се расчистува во надлежните институции во Охрид.
Тој изрази сомнеж во начинот на кој се водела постапката, потенцирајќи дека се споменувале настани од пред неколку години без навремена реакција.
„Ми кажаа дека имало нешто пред две или три години. Ако имало, зошто не се реагирало веднаш? Работите што ги кажуваат не се поклопуваат“, додаде Костески.
На крајот од обраќањето, тој изрази уверување дека вистината ќе излезе на виделина.
„Цврсто сум убеден дека не сум крив и дека од моја страна сè е чисто. Вистината на крај ќе излезе“, порача Костески, упатувајќи поздрав до јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

