09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот премиер и основач на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, повторно со историска бомба до македонската јавност, но овојпат со зборови кои многумина ги сметаат за нужни, долго премолчувани вистини. Според Георгиевски, официјалната историја на Народноослободителната борба (НОБ) е полна со лаги и фалсификати, а на партизанското движење му се припишуваат победи што реално никогаш не ги остварило.
„Сите големи победи на партизаните во Втората светска војна се измама. Тие ја изгубија речиси секоја вистинска битка. Единствените вистински успеси ги постигнуваа преку терор, пљачка и масакри над цивилното население“, изјави Георгиевски.
Овие зборови отвораат сериозни прашања за објективноста на официјалната македонска историографија, особено онаа оформена во периодот на комунистичка Југославија. Георгиевски не е прв што го оспорува партизанскиот мит, но е еден од ретките политичари што тоа го прави јавно, со јасни и недвосмислени ставови.
Според него, партизаните не биле ослободители, туку идеолошка војска на комунистичка револуција, која често делувала против сопствениот народ. Цивили биле малтретирани, имотот пљачкан, а несогласните со комунистичката идеологија – егзекутирани. „Тоа не е борба за слобода, туку терор под маската на антифашизам“, додаде Георгиевски.
Сè поголем број граѓани, особено млади истражувачи и историчари, почнуваат да ја преиспитуваат улогата на партизанското движење, барајќи отворање на архивите и соочување со фактите, а не со идеолошки митови. Изјавите на Георгиевски ги поттикнуваат овие процеси и отвораат простор за поширока јавна и научна дебата.
Иако дел од јавноста и медиумите ги игнорираат или омаловажуваат ваквите ставови, невозможно е да се занемари нивното влијание врз сè погласниот повик за историска ревизија – не заради негирање на минатото, туку заради стремеж кон вистината, колку и да е непријатна.