МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Со новиот долг од 6 милијарди евра, државата се движи кон економска криза

28 мај 2025

• од Вардарски

Во дебатната емисија „Само Вистина“ на телевизија Канал 5, пратеникот од редовите на СДСМ, Благој Бочварски, остро ја критикуваше економската политика на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со посебен акцент на новиот планиран заем во висина од 6 милијарди евра. Според него, со ова задолжување, Македонија се приближува до критична финансиска точка од која, како што рече, „можеби нема да може да се врати“.

Бочварски предупреди дека и само со првата транша од 2,2 милијарди евра, јавниот долг на државата ќе порасне над 70% од бруто-домашниот производ (БДП), а со вкупната сума долгот може да надмине дури и 100% од БДП. „Прашање е дали како држава можеме да го издржиме тоа“, нагласи тој.

Пратеникот од СДСМ посочи и на недостатокот на транспарентност во целиот процес, критикувајќи ја власта што сè уште не ги објавила условите под кои се зема кредитот. „Не знаеме колкава ќе биде каматата, ниту какви се точните услови на заемот. Првично се обидуваа да го прикажат како инвестиција, но станува збор за класично задолжување кое ќе треба да го враќаат граѓаните“, рече Бочварски.

Тој ја искористи можноста и да ја оцени актуелната економска состојба во државата како сериозно влошена, обвинувајќи ја владејачката партија за неисполнети ветувања и лошо управување. „По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, државата е во застој. Цените растат, платите стагнираат, граѓаните се осиромашени, а сега уште нов долг им се наметнува“, изјави Бочварски.

Според него, владата има обврска пред граѓаните да обезбеди целосна транспарентност и отчетност кога станува збор за вакви крупни финансиски прашања што го засегаат секој домаќински буџет.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени