13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Необичен и правно комплексен случај е пријавен во Тетово, откако жена која во матичната евиденција се водела како почината речиси две децении, родила дете во декември 2025 година.
Според соопштението на СВР Тетово од 13 февруари 2026 година, на 12.02.2026 во 13:40 часот, тројца вработени од Центар за социјални работи Тетово пријавиле сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Како што се наведува во пријавата, на 21.01.2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги дека на 08.12.2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С. (27).
При постапката за регистрирање на новороденчето во службените евиденции, било утврдено дека мајката А.С. во матичната книга на умрените се води како почината на 21.10.2006 година.
Овој податок отворил сериозни сомневања за можна злоупотреба или фалсификување на службени исправи, со оглед на тоа што лицето формално-правно се води како починато, а во реалноста родило дете во здравствена установа.
По преземени мерки и испратени покани, на 12.02.2026 година А.С. се појавила во просториите на Центарот за социјални работи, заедно со новороденото дете и едно машко лице. Сепак, тие не приложиле никаков документ за идентификација.
Надлежните институции информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, кој отвора прашања за ажурноста и точноста на матичните евиденции, како и за евентуални кривични одговорности.
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

