МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми

17 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати сериозни критики кон Владата поради нејзината пасивност во справувањето со високите цени, и покрај тоа што располага со соодветни механизми за интервенција. Во гостување во телевизиската емисија „360 степени“, Битиќи истакна дека иако условите денес се поповолни отколку во изминатиот период, институциите не реагираат соодветно.

„Во далеку потешки времиња и со повисока инфлација, ние како Влада спроведовме широк спектар на мерки. Денес, актуелната Влада има и подобри услови и на располагање две алатки – но тие не се користат,“ изјави Битиќи.

Како клучна, но неискористена можност, Битиќи го посочи Законот за нефер трговски практики, за кој нагласи дека одамна требало да биде ставен во функција. Според него, Комисијата за заштита на конкуренцијата не постапува ниту по дојавите за картелски договори, иако постојат основи за сериозни интервенции.

„Потребна е примена на законите. Комисијата требаше да постапи, а ништо не се случи. Законот предвидува високи казни, но тие не се применуваат. Моралните повици не функционираат никаде во светот,“ нагласи Битиќи.

Особено загрижувачки, според него, е скокот на цените на храната, каде што постои значајна разлика помеѓу увозната и малопродажната цена, што создава сомнеж за нереално високи маржи.

„Ако производот е увезен, не може неговата цена во соседна држава да биде трипати пониска од нашата. Тоа укажува на огромна профитна маржа, која не е оправдана,“ рече Битиќи.

Пратеникот нагласи дека Владата има обврска да интервенира, дури и со мерки кои можеби не се совршено усогласени со логиката на слободниот пазар.

„Во вакви ситуации, Владата мора да делува преку Државниот пазарен инспекторат и да примени мерки кои ќе ги заштитат граѓаните. Тоа е нејзина должност,“ заклучи Битиќи.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени