МАКЕДОНИЈА

Бислимовски: Нема да има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

05 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимовски, изјави дека не се очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, Бислимовски посочи дека и покрај некои економски предизвици, стабилноста на цената ќе се задржи.

Оваа година во јуни ќе биде распишан тендер за избор на универзален снабдувач, каде што, како и досега, се очекува да се пријави државната компанија ЕСМ. Според Бислимовски, цената што ја нуди ЕСМ е значително пониска од пазарната, и најверојатно ќе остане иста – 62 евра за мегават-час.

„Тоа е отворен тендер, но традиционално учествува ЕСМ, кој нуди цена што е далеку пониска од пазарната. Од најавите што ги добиваме, најверојатно ќе се задржи истата цена“, изјави Бислимовски.

Тој потсети и дека од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија се утврдуваат во ноември и декември. Врз основа на тие податоци, ќе се пресметува и цената на универзалниот снабдувач.

Бислимовски додаде и дека увозот на јаглен од страна на ЕСМ има влијание врз трошоците за производство на електрична енергија, но и покрај тоа, не се очекува пораст на цената за крајните потрошувачи.

„Факт е дека во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен, што влијае на производната цена, но тоа нема да предизвика промена за домаќинствата“, рече претседателот на РКЕ.

Со овие најави, граѓаните можат да очекуваат стабилни сметки за струја во наредниот период, и покрај глобалните енергетски предизвици.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени