06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Одлуката на Уставниот суд да отвори постапка за имињата на улиците во Тетово, според историчарот Музафер Бислими, не е формална, туку политичка. Според него, улиците во тоа време биле именувани со консензус на албанските и македонските политички партии.
„Да се случеше тоа во истата година или следната година, ќе беше формална работа. Но, ова прашање да се отвора речиси 20 години подоцна, едноставно може да се констатира како провокација кон Албанците, бидејќи колку што знам јас, тие улици биле именувани и преименувани според Бадинтеровиот принцип, со одлука на Советот на општината и немало никакви приговори“, изјави Музафер Бислими, историчар.
Во врска со прашањето за имињата, Бислими смета дека тоа може да предизвика тензии, потсетувајќи на мрачните периоди од минатиот век кога Албанците биле принудени да користат македонски топоними.
„Да се покрене ваква иницијатива, мислам дека претставува мерење на пулсот на Албанците и дополнително затегнување на ситуацијата, што всушност нè потсетува на времето пред 90-тите години, кога Албанците беа принудени да користат македонски топоними. Сите ги паметиме вестите на државните телевизии каде што за Скопје секогаш се користеше името ‘Скопје’ на македонски, што беше врв на негирањето на албанскиот јазик“, изјави Музафер Бислими, историчар.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

