09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Системот „Безбеден град“ во период од само една недела евидентирал вкупно 4.991 сообраќаен прекршок на подрачјата каде што се поставени безбедносни камери, информираа денеска од Министерство за внатрешни работи.
Како што соопштија од МВР, прекршоците биле регистрирани во периодот од 2 до 8 февруари на градските подрачја и главните коридори опфатени со системот. Од вкупниот број, 641 прекршок биле сторени од возачи кои управувале возила со странски регистарски ознаки.
Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 4.674 случаи. Потоа следуваат 163 прекршоци за минување на затворен семафорски сигнал, односно црвено светло, како и 154 случаи на управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.
Во текот на оваа една недела биле изречени и 288 заштитни мерки „забрана за управување со возило“. Од нив, 163 мерки се изречени поради минување на црвено светло, а 125 поради брзо возење.
Од МВР информираат и дека во рамки на дозволеното техничко отстапување на брзината на движење биле толерирани 22.434 возила, што значи дека тие не биле санкционирани иако системот ги регистрирал.
Надлежните повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста и да се намали бројот на сообраќајни незгоди на патиштата низ државата.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

