МАКЕДОНИЈА

Белата чума ја тресе Македонија: Се раѓаат сè помалку деца, се зголемува смртноста

29 мај 2025

• од Вардарски

С. Македонија повторно се соочува со сериозна демографска криза. Најновите податоци од Државниот завод за статистика за првото тромесечје од 2025 година укажуваат на негативен природен прираст и значителен пад на бројот на новородени деца, склучени бракови и пораст на смртноста.

Во периодот јануари-март 2025 година, се родиле 3.526 бебиња – што претставува намалување од 2,9% во споредба со истиот период лани. Истовремено, бројот на починати е 5.398 лица, што е зголемување од 3,8% во однос на 2024 година. Од вкупниот број на починати, 15 се доенчиња.

Овие податоци резултираат со негативен природен прираст од -1.872, односно бројот на починати лица го надминува бројот на новородени за речиси две илјади.

Освен што се намалува бројот на новородени, опаѓа и бројот на склучени бракови. Во првото тромесечје се склучени само 1.846 бракови – пад од 25,8% во однос на истиот квартал од претходната година. Бројот на разводи, исто така, бележи намалување и изнесува 465, што е за 22,1% помалку од лани.

Овие трендови се алармантни и укажуваат на продолжување на долгогодишната демографска ерозија. Намалениот наталитет, зголемената смртност и падот на интересот за брак, отвораат сериозни прашања за иднината на населението, работната сила и социјалните системи во земјата. Белата чума – термин кој се користи за драматично намалување на населението – повеќе не е закана, туку реалност со која Македонија мора итно да се соочи.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени