09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Дел од граѓаните уште во раните утрински часови се соочија со првите последици од најавеното поскапување на горивата. Додека Регулаторната комисија за енергетика се подготвуваше да ја соопшти најновата одлука за цените, одредени превозници веќе почнале да ги пресметуваат трошоците и внимателно да располагаат со преостанатите резерви на гориво.
Во таква атмосфера, неколку патници се нашле во необична и непријатна ситуација. Патничка која утрово патувала од Бардовци кон Транспортниот центар раскажува дека автобусот на линијата 21 пристигнал со значително задоцнување. Според нејзиното сведоштво, возењето не продолжило според вообичаената рута.
Автобусот, како што вели таа, запрел во населбата Влае, каде што возачот им соопштил на патниците дека возилото нема доволно гориво за да ја продолжи рутата. Поради тоа, патниците биле принудени сами да се снаоѓаат за понатамошниот превоз до своите дестинации.
Од ЈСП, пак, информираат дека засега немаат информации за ваков инцидент со нивните автобуси. Од претпријатието тврдат дека денеска линиите функционираат со обезбедено гориво, но признаваат дека ситуацијата во наредните денови останува неизвесна.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

