МАКЕДОНИЈА

Авионска и терестрична дезинсекција во Скопје – започнува прскањето против комарци

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во текот на претстојниот викенд ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а од понеделник ќе се продолжи со терестрична дезинсекција.

Според најавите од Град Скопје, авионската дезинсекција ќе се изврши на 28 и 29 јуни 2024 година (сабота и недела), во раните утрински часови. Оваа мерка е дел од редовните активности за контрола на популацијата на комарци во летниот период, со цел заштита на јавното здравје.

По авионското прскање, на 30 јуни (понеделник) ќе започне терестричната дезинсекција, која ќе трае до 3 јули 2025 година (четврток). Оваа акција ќе се спроведува секоја вечер во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

Од Градот напоменуваат дека, доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови и во истиот временски интервал.

Дополнително, од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите за време на дезинсекцијата.

Граѓаните се замолуваат за разбирање и соработка, со цел успешно спроведување на овие здравствено превентивни мерки.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени