30 мај 2025
• од Вардарски
Град Скопје најави авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, која ќе се спроведе овој викенд, во сабота и недела, на подрачјето на целиот град.
Како што информираат од Град Скопје, дезинсекцијата ќе се изврши во раните утрински часови со авион, со цел да се намали бројноста на комарците и да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во летниот период.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се реализира во првиот следен ден кога ќе се создадат соодветни временски услови за прскање.
Од Градот апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите, имајќи предвид дека средствата кои се користат при дезинсекцијата може да влијаат врз нивната активност и здравје.
Граѓаните се повикуваат на разбирање и соработка за време на спроведувањето на мерките.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj