Јавен обвинител собра докази за вештачење по вооружената престрелка на Бит Пазар
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје изврши увид на местото на вооружената престрелка што се случи вчера во близина на полициската станица Бит Пазар, во населбата Дуќанџик, при што едно лице беше повредено.
Од Обвинителството информираат дека од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а врз телото на починатото лице ќе биде извршена обдукција. По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти, а се издаваат и сите неопходни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.
Министерството за внатрешни работи вчера потврди дека околу 14 часот било пријавено пукање на улицата „Војдан Чернодрински“, на подрачјето на Бит Пазар. Полициски службеници веднаш излегле на терен и констатирале дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице било повредено и пренесено во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот биле најдени повеќе чаури.
Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.