МАКЕДОНИЈА

Арсовска жестоко до Тодоровски: „Три години си градоначалник, а уште не знаеш што ти е работа!“

06 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, остро се обрати до својот колега од општина Гази Баба, Бобан Стефковски, критикувајќи го за, како што вели, неразбирање на сопствените надлежности и обврски.

„Оф, Боби, три години уште не знаеш што е твоја работа, а што на Градот. Или можеби знаеш, ама кога треба нешто да се сработи, а ти за тоа не си кадарен, тогаш удри по Данела и вклучи ги штабовите да напаѓаат“, напиша Арсовска во своето обраќање.

Таа детално објасни дека жителите на населените места Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, туку вода добиваат преку ЈКП Гази Баба, претпријатие под надлежност на самата општина Гази Баба, кое пак ја набавува водата од РЖ услуги.

„Како вие добавувате вода од РЖ услуги, по која цена и како ја наплаќате од жителите, е дополнително прашање, за кое ќе зборуваме во друга пригода“, потенцира Арсовска, додавајќи дека ова се основни информации кои градоначалникот на Гази Баба морал да ги знае уште на почетокот на својот мандат.

Таа остро забележа дека, доколку Стефковски одвоел барем еден ден од, како што рече, „сликање по фолклорни манифестации“, досега ќе можел да обезбеди нова водоводна мрежа за жителите на тие населби, со средствата што ги добил и од владата на Ковачевски и од актуелната на Мицкоски.

Во споредба, Арсовска наведе дека Град Скопје за три години добил нула денари од Владата, а притоа останал без осум милиони евра што Владата му ги должи на ЈСП Скопје.

На крајот, Арсовска саркастично му порача на Стефковски: „Седи, Боби, кец!“

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени