06 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати жестока реакција до Мухамед Елмази, откако тој ја обвини за молк и наводна вмешаност во нерегуларностите поврзани со дивоградбите во скопската општина Сарај. Во нејзиниот одговор, Арсовска директно го нарече Елмази „ДУИ побегуљо“ и го обвини дека живее во нелегален стан во Чаир, за кој, како што рече, го добил „гратис“.
Арсовска објасни дека Град Скопје нема надлежност над постапувањето со дивоградби во Сарај, бидејќи, според неа, општината Сарај е дел од Генералниот урбанистички план дури од 2012 година, а градот има ингеренции само за објекти изградени до 2011.
„Ќе ти објаснам уште еднаш, ама читање до 4 одделение се учи. Ако не си разбрал првиот пат, за жал нема да разбереш никогаш. Град Скопје нема надлежност над Сарај за дивоградби“, вели Арсовска во нејзината објава.
Таа потенцира дека побарала отворена дискусија на седница на Советот на Град Скопје за состојбата со дивоградбите во сите скопски општини, но тврди дека токму претставници од редовите на ДУИ избегале од расправата „од страв“.
„Во Чаир ТИ живееш во незаконска дивоградба, стан гратис. Слушам си плачел дома дека си фатен. Еден од екипата од општина веќе избегал во Косово“, напиша таа, алудирајќи на поврзаност на Елмази со криминални дејства.
Арсовска, исто така, го обвини Елмази дека го сменил политичкиот табор, преминувајќи од ДУИ во ВЛЕН за да добие функција во државното претпријатие НОМАГАС, но сега, како што рече, поради страв од истраги, се подготвува нов политички маневар.
„Слушам цело друштво ќе станете комити и ќе преминете во ВМРО. Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот“, порача Арсовска и нагласи дека има факти и докази за сѐ што тврди.
На крајот, таа јасно порача дека нема намера да се откаже и побара од Елмази нејзините зборови да ги пренесе до „другарчињата“.
Овој вербален судир доаѓа во време на зголемени тензии меѓу политичките чинители во Скопје, особено околу темата на урбанизмот и справувањето со незаконските градби, тема која често е предмет на политички препукувања и обвинувања.