МАКЕДОНИЈА

Арсовска остро до Мицкоски: Дозволи Ганиу да те седне во скут наместо да го апсиш!

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не отстапува од борбата против дивоградбите во скопската општина Чаир, при тоа остро прозивајќи го премиерот Христијан Мицкоски и обвинувајќи го за недејствување и прикривање на криминалот поврзан со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Арсовска веќе десетина дена јавно објавува снимки и документи преку социјалните мрежи, тврдејќи дека се работи за масовни фалсификати на легализации, вклучително и цела зграда нелегално внесена во Катастар. Според неа, додека е на функција, одбила легализација на околу 150 објекти за кои вели дека се дивоградби и се нелегално приклучени на струја и вода. Повика обвинителството, полицијата и премиерот итно да постапат и да го приведат Ганиу.

Од институциите досега реагираше само обвинителството, пред кое Арсовска веќе доставила документација. Владата, пак, преку премиерот Мицкоски, даде одговор само на новинарски прашања, при што тој индиректно ја обвини дека нејзините активности се во функција на политичка дестабилизација пред избори и ја нарече инструмент на ДУИ.

Денеска, непосредно пред седницата на Советот на Град Скопје, каде што на дневен ред се дивоградбите во Чаир, Арсовска преку јавен пост на Facebook му се обрати на премиерот со остра критика:

„Мицкоски, дозволи Ганиу да те седне во скут наместо да го апсиш. Наместо да нè заштитиш, ти го браниш!“

Арсовска го повика Мицкоски да одговори на неколку директни прашања:

  • Кој од функционерите на ДУИ е уапсен за криминал откако тој стана премиер?
  • Зошто не се постапува по случаите кои таа ги пријавила уште во 2023, 2024 и 2025 година?
  • Дали премиерот е свесен дека функционерите на ДУИ, кои сега се дел од коалицијата ВЛЕН, ја користат политиката за да избегнат одговорност?

Арсовска посочува дека додека таа е мета на закани по животот, полицијата не презема ништо под изговор дека нема писмена пријава. Таа обвини дека и самиот Мицкоски со своите изјави ги поттикнува нападите врз неа и го штити Ганиу.

Во емотивното и остро обраќање, Арсовска порачува:

„Не се повлекувам. Ако не преземеш чекор, тогаш си соучесник во фалсификатите. Јас докази имам многу – не ви се плашам и не се повлекувам!“

Случајот ги разбранува јавноста и го отвора прашањето за (не)функционирањето на институциите во справувањето со урбанистичкиот криминал, особено кога истиот е поврзан со високи функционери.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени