05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска објави алармантни информации преку социјалните мрежи, тврдејќи дека станува цел на организирани напади и навреди од лица блиски до штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Таа со име и презиме го посочи Звонко Тасевски, висок полициски функционер, како еден од извршителите на тие напади.
„Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат,“ напиша Арсовска, објавувајќи и фотографии од Тасевски, кој, според неа, користи службена позиција за навредување и дискредитација на жени.
Арсовска потенцира дека Тасевски е назначен со Одлука на Собранието на ВМРО и ВЛЕН за член на Републичкиот совет за безбедност на 12 ноември 2024 година и дека обучува полицајци во МВР – институцијата каде, како што вели, треба да пријави закани токму од него.
„Звонко напаѓа, навредува и девалвира жени по нарачка. Не биди Звонко!“ – повика таа, потенцирајќи го организираниот карактер на нападите врз неа.
Градоначалничката обвинува и за систематско уништување документи во општината пред истрагите да добијат институционален тек. Таа тврди дека обидите за легализација на дивоградби се забележани, нотирани и пријавени во надлежни институции веќе три години, а фалсификат со конкретни докази бил направен на 20 март 2025 година.
„Никој од вработените во град Скопје нема да дозволи некој да се збогати на сметка на фалсификат. Јас сум должна да ги заштитам,“ изјави таа, посочувајќи дека зад заканите стојат и политички фигури како Ганиу, Меџити и Адеми.
Арсовска вели дека и покрај тоа што премиерот ѝ рекол „дека му е жал и да пријави во МВР“, таа се чувствува отфрлена со изговор дека „не била добра жена“. Таа истакна дека не планира да се повлече, и покрај наредбите од штабовите „да ја девалвираат и напаѓаат како човек и како жена“.
На крајот, таа испрати порака и до меѓународната заедница – Американската амбасада, Делегацијата на ЕУ, Британската и Германската амбасада, како и до Јавното обвинителство на Македонија – барајќи поддршка и одговорност.
„А вие срам имате ли?“ – праша Арсовска, завршувајќи со јавното разобличување на, како што тврди, координиран политичко-полициски прогон.