17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денес најави продолжение на објавувањето на фељтонот кој се однесува на, како што тврди, незаконитите активности поврзани со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Во јавна објава, Арсовска упати сериозни обвинувања кон Ганиу, велејќи дека располага со обемна документација што ја инкриминира него и негови соработници.
„Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази. Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, истакна Арсовска, која се претстави и како известувач и портпарол за етика и спречување корупција на Конгресот на Советот на Европа.
Таа објави и фотографии од документите кои, според неа, биле доставени до Обвинителството. Станува збор за, како што тврди, случај со над 150 дивоградби изградени со фалсификувани документи, со што, наводно, бил предизвикан финансиски удар врз буџетот од стотици милиони евра.
„Во Скопје, ако се ангажираат околу 150 дивоградби на Висар со фалсификат документи, каде некој за стотици милиони евра го оштетил буџетот, ќе нема кој да ги брка криминалците што украле 150 ќебапи од глад“, напиша Арсовска алудирајќи на приоритетите во борбата против криминалот.
Арсовска ги посочи и други имиња во своите обвинувања, меѓу кои Изет Меџити и Ејуп Адеми, обвинувајќи ги за поврзаност со истата „организирана банда“. Според неа, и покрај бројните докази, институциите избегнуваат да преземат мерки.
„Бидејќи за Висар Ганиу, Изет Меџити и Ејуп Адеми, при толку докази на институциите им е страв да постапуваат, јавно ќе ги објавуваме од понеделник сите докази од постапките со анализите. Ќе бараме итно произнесување од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Ако ова што го прави оваа организирана банда не е криминал, тогаш на сите низ Македонија нека им ги отфрлат обвиненијата“, порача Арсовска.
Се очекува наредните денови Арсовска да продолжи со јавното објавување на, како што вели, докази за сериозни злоупотреби и коруптивни дејствија, додека јавноста со интерес го следи одговорот на надлежните институции.