02 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи и го честиташе 4 Јули на американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, но истовремено упати и критика за составот на гостите на приемот по повод Денот на независноста на САД.
Арсовска укажа на присуството на Изет Меџити и Висар Ганиу меѓу поканетите ВИП гости, за кои, како што тврди, постојат „цврсти докази“ за криминални дејствија во најмалку 152 случаи, а против нив во моментов се водат сериозни истраги.
„Само да прашам, не ви е малку незгодно што на листата на ВИП гости вчера беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции? Овие двајца, насмеани на фотографијата, за кои институциите имаат непобитни докази за криминал, наместо да бидат санкционирани според американската политика за таргетирање на корумпирани поединци, беа во прв ред на настанот,“ напиша Арсовска.
Таа потсети дека САД со години воведуваат санкции против политичари, функционери и други поединци во регионот на Западен Балкан, токму поради наводи за корупција и поткопување на демократските процеси, при што нагласи дека во случајот со Меџити и Ганиу не станува збор за „наводи“, туку за докажани индиции.
Во објавата Арсовска им го честита и празникот на американските граѓани:
„Wishing you a Happy Independence Day, with hope for Liberty and Justice for all of us living in Macedonia that are under severe threats from Visar Ganiu, Izet Medziti and Ejup Ademi!“
се наведува во нејзиниот пост на Фејсбук.