29 мај 2025
• од Вардарски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, остро реагираше на односот на Јавното обвинителство кон проблемот со дивоградбите во општина Чаир, повикувајќи го итно да дејствува и да не се претвора во политички промотор на владејачките структури.
„Јавното обвинителство треба да се одважи, да не биде инструментализирано како ПР алатка на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Потребна е итна интервенција, бидејќи имаме информации дека се уништуваат докази за фалсификати и незаконска градба“, изјави Арсовска.
Таа потсети дека институциите, вклучително и правосудната полиција, имаат обврска да постапуваат кога ќе добијат информации за кривични дела, било преку непосредно забележување, допрен глас или кривична пријава. Арсовска нагласи дека веќе постојат писмени пријави за случаите во Чаир и редовно се известува и полицијата.
„Во Чаир има повеќе од 150 документирани и утврдени дивоградби, изградени спротивно на закон, без соодветна дозвола или со фалсификувани документи. Станува збор за објекти што не се изградени во 2011 година, туку сега, пред очите на институциите“, додаде таа.
Според Арсовска, илјадници граѓани живеат во овие објекти, кои се сериозна закана за нивната безбедност, бидејќи објектите немаат основна техничка документација, како што се надзор, пресметана статика, хидрантска мрежа, итни излези, план за евакуација, паркинг или пристап до објектите.
Градоначалничката бара јасна и решителна акција од Јавното обвинителство, за да се спречи понатамошното узурпирање на јавниот интерес и да се заштитат животите на граѓаните.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj