МАКЕДОНИЈА

Арсовска: Ако се гонат 150-те дивоградби на Висар, нема кој да брка крадци на ќебапи

16 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави продолжение на фељтонот кој се однесува на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, обвинувајќи го за сериозни нерегуларности поврзани со урбанистички криминал и дивоградби.

„Во Штип и Берово, МВР и обвинителството си ја вршат работата и поднесуваат кривични пријави за незаконски објекти. Но во Скопје, ако институциите се ангажираат околу 150-те дивоградби на Висар, изведени со фалсификувани документи и со штета од стотици милиони евра за буџетот, тогаш ќе нема кој да ги брка криминалците што украле 150 ќебапи од глад“, изјави Арсовска, алудирајќи на недостаток на институционална реакција за посериозни криминални дела.

Таа додаде дека поради неделување од страна на надлежните, и покрај, како што вели, обемната документација, ќе започне со јавно објавување на сите докази и анализи поврзани со случајот од понеделник. Обвиненијата ги прошири и на други функционери, наведувајќи ги Изет Меџити и Ејуп Адеми како дел од „организирана банда“ која, според неа, е заштитена од институциите.

„Ќе бараме итна реакција од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Ако ова што го прави оваа организирана банда не е криминал, тогаш нека ги отфрлат сите обвиненија во државава“, рече Арсовска, повикувајќи на институционална одговорност.

Нејзината изјава доаѓа во период на зголемени политички тензии и борби за транспарентност и отчетност во локалната власт. Сѐ уште нема официјален одговор од споменатите лица или од обвинителството во однос на обвинувањата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени