09 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, во интервју за Euronews Albania говореше за статусот и употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија, осврнувајќи се на уставните и законските одредби кои го регулираат ова прашање.
Адеми нагласи дека албанскиот јазик е официјален јазик и дека неговиот статус е јасно загарантиран со Уставот на Северна Македонија, поточно со Амандманот 5. Според овој амандман, официјален јазик во државата е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните.
Тој потенцираше дека во пракса, оваа уставна формулација се однесува на албанскиот јазик, имајќи предвид дека Албанците ја сочинуваат заедницата која го исполнува овој процент. Со тоа, како што истакна Адеми, албанскиот јазик има јасен институционален и правен статус во државата.
Дополнително, Адеми објасни дека примената на јазиците е подетално регулирана со Законот за употреба на јазиците, кој прецизно го утврдува нивото и начинот на употреба во институциите. Според него, ова законско решение ја заокружува правната рамка и не остава простор за дополнителни дебати околу статусот на албанскиот јазик.
„Ова прашање е веќе дефинирано и уредено, како на уставно така и на законско ниво, и не треба да биде предмет на нови дискусии“, истакна Адеми.
Интервјуто доаѓа во време кога прашањата поврзани со јазичните права повторно се актуелизираат во јавниот дискурс, но според Адеми, правната основа е јасна и непроменлива.
Албански експерт: Без Албанците, Северна Македонија ќе се распадне за 24 часа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

