04 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот функционер Арбер Адеми остро реагираше на, како што вели, неконзистентните и контрадикторни ставови на владините претставници во врска со Законот за употреба на јазиците. Според него, во рамки на истата владина структура постојат најмалку три различни позиции за истото прашање, што создава сериозен политички и институционален хаос.
„Вчера Билали, денес Изет Меџити реагира. Вчера тврдеа дека албанскиот јазик е службен, денес велат дека станува збор за половично решение. Билали оди чекор понатаму и вели дека воопшто нема закон и дека ништо не е направено“, посочува Адеми.
Тој додава дека ваквите спротивставени изјави не се случајни, туку резултат на недостиг од јасна политичка линија и влијание од „падроните“, кои, според него, испраќаат сосема поинакви пораки – дека со Законот за јазиците Албанците добиле повеќе права отколку што им следуваат.
„Оние што се претставуваат како ко-лидери, очигледно не можат да усогласат ниту еден став. Денес велат едно, утре го демантираат истото. Како да им се каже, така се изјаснуваат“, нагласува Адеми.
Во својата реакција, тој потенцира дека вистината е поинаква: Законот за употреба на јазиците не дава повеќе права од заслуженото, туку само ги имплементира одредбите од Охридски рамковен договор.
Дополнително, Адеми обвинува дека одредени политички структури не само што не го бранат законот, туку активно работат на негово укинување, вклучително и преку иницијативи пред Уставниот суд.
„Проблемот не е дека нема закон. Проблемот е што тие немаат капацитет да ги бранат постигнатите права. Законот постои, но тие не можат да обезбедат негова примена, ниту да ги спречат обидите за негово укинување“, истакнува тој.
На крајот, Адеми заклучува дека ваквата ситуација покажува слабост и недостиг на политичка тежина кај актуелните претставници, кои, според него, секојдневно ги менуваат ставовите затоа што „никој не ги прашува“.
Во постскриптум, тој потсетува на периодот кога законот бил донесен, оценувајќи дека тогаш постоела јасна позиција и дека решението било „многу добро“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

