МАКЕДОНИЈА

Апасиев: Целта не е забрана на протести, туку национализација на парцела на Тошковски

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, се огласи по повод предложениот закон со кој просторот околу Собранието би се прогласил за безбедносна зона. Тој истакна дека не станува збор за забрана на протести, туку, според него, вистинската цел на законот е национализација на приватна парцела во сопственост на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Не се забрануваат протести со овој закон. Намерата е сосема поинаква – да се национализира парцелата која е во приватна сопственост на Тошковски“, изјави Апасиев, додавајќи дека јавноста се доведува во заблуда со формулацијата на законот.

Предлог-законот беше поднесен вчера во Собранието и се разгледува по скратена постапка. Автори на иницијативата се претседателот на Собранието Африм Гаши и пратеникот Беким Ќоку од коалицијата „Вреди“. Поддршка за предлогот дале и пратеници од сите парламентарни групи, меѓу кои Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Предлогот предвидува прогласување на поширокиот периметар околу законодавниот дом за „безбедносна зона“, што предизвика критики од неколку опозициски и граѓански структури, кои стравуваат дека тоа може да го ограничи правото на јавен протест и собир пред Собранието.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени