11 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Алијанса за Албанците изрази сериозна загриженост за состојбата во Клиничката болница во Тетово, каде што конкурсот за вработување пропаднал, додека здравствениот персонал сè уште не ги добил своите плати од месец јануари.
Според информациите што пристигнуваат до јавноста, има бројни поплаки поврзани со непотизам, мито и корупција во процесот на вработување. Од партијата оценуваат дека овие наводи претставуваат сериозен аларм и доказ за деградиран систем, во кој чесното вработување и достоинството на професионалците се потценуваат.
„Кога за едно работно место се поднесуваат жалби што стигнуваат дури и до институциите за борба против корупцијата, тогаш станува збор за длабока криза на доверба и целосен институционален неуспех“, се наведува во реакцијата.
Од Алијанса за Албанците истакнуваат дека е неприфатливо здравствениот персонал, кој го носи товарот на јавниот здравствен систем, да биде оставен без плати и во целосна неизвесност поради сериозни сомнежи и блокади во процедурите.
Според нив, лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници не смеат да бидат жртви на политички влијанија, пазарења и корупција.
Партијата бара надлежните институции итно да ги истражат сите наводи и поднесени жалби, да се обезбеди целосна транспарентност во процесот на конкурсот, здравствениот персонал веднаш да ги добие заостанатите плати, а секој процес на вработување во здравството да се базира исклучиво на мерит, професионалност и закон.
„Тетово и неговите граѓани заслужуваат чист, функционален и праведен здравствен систем, а не институција блокирана од сомнежи за корупција и лошо управување“, порачуваат од Алијанса за Албанците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

