TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Одбивањето на полагање правосуден испит на албански јазик е институционална дискриминација

05 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Алијанса за Албанците: остро реагира на официјалниот одговор на Министерството за правда, со кој беше одбиена петицијата на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Според партијата, ваквата одлука претставува јасен пример на институционална дискриминација и кршење на принципот на јазична еднаквост.

Документот што го обезбеди новинската агенција ИНА, според Алијансата, го потврдува она на што подолго време се укажува – дека државата го користи законот како инструмент за исклучување, наместо како механизам за еднаквост. Тие оценуваат дека образложението на Министерството, според кое „проверка на активно познавање на македонскиот јазик може да се врши исклучиво преку испити на македонски јазик“, е неприфатливо, дискриминаторско и правно слабо.

„Познавањето на македонскиот јазик не е спорно. Но, негирањето на правото испитот да се полага на албански јазик е директно кршење на принципот на јазична рамноправност и на уставниот дух“, наведуваат од партијата.

Според Алијанса за Албанците, тврдењето дека Законот за правосуден испит „не предвидува“ употреба на албанскиот јазик не може да се смета за аргумент, туку за политичко оправдување. Како што истакнуваат, законот не го забранува албанскиот јазик, а недостатокот на политичка волја за спроведување на еднаквоста не смее да се прикрива зад правни техничкости.

Особено загрижувачка, според нив, е тезата дека правосудниот испит служи како „филтер“ за правничките професии. „Во пракса, Албанците не се филтрираат според правното знаење, туку според јазикот. Тоа е чиста и намерна институционална дискриминација“, се наведува во реакцијата.

Алијансата потсетува дека албанскиот јазик е службен јазик, што не е политички слоган, туку уставен факт. Вештачките хиерархии меѓу „примарен“ и „секундарен“ јазик, според нив, се политички конструкции кои создаваат реална нееднаквост.

Партијата бара итно преиспитување на оваа, како што ја нарекува, дискриминаторска одлука, како и промена на институционалната пракса и правното толкување што го исклучува албанскиот јазик.

„Албанските студенти не бараат привилегии. Тие бараат основно право на образование, професионален напредок и еднаквост пред државата која се претставува како мултиетничка и демократска“, порачуваат од Алијансата.

Според нив, молкот и одбивањето на институциите само ја продлабочуваат кризата на доверба и ја разоткриваат државата како селективна, а не правична. Алијанса за Албанците најавува дека ќе продолжи да ја поддржува оваа кауза на сите политички, институционални и јавни нивоа.

„Оваа борба не е само за еден испит. Таа е борба за достоинство и еднаквост“, се наведува на крајот од соопштението.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
05 февруари 2026

Бугарската телекомуникациска компанија „Вестител“ инвестира милиони евра во Грција

МАКЕДОНИЈА
05 февруари 2026

СДСМ отвора прашања за наводна поврзаност меѓу Мицкоски, лице од криминално милје и случајот со 5 тони дрога

МАКЕДОНИЈА
05 февруари 2026

Таравари: Куќата ја купив за 150 илјади евра, би ја продал за 500 илјади

МАКЕДОНИЈА
05 февруари 2026

СДСМ: Со откажување од криминални тендери може да се обезбеди минимална плата од 600 евра

МАКЕДОНИЈА
05 февруари 2026

Лога: Државата треба финансиски да ѝ помогне на Ромската заедница за стекнување возачки дозволи

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
05 февруари 2026

EES-системот стартува без одложување: целосна примена од 10 април 2026 година

ДРУГО
05 февруари 2026

Денеска 5 февруари 2026 се празнува Светиот свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

СВЕТ
04 февруари 2026

ЕУ повторно го активира процесот за спроведување на трговскиот договор со САД, можно гласање во март

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Ким Мехмети: Гоце Делчев сам тврдел дека е Бугарин

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Радуков: Зошто во Северна Македонија е тешко да се прифати улогата на Бугарите како Делчев?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Ким Мехмети: Македонија може да опстои само ако биде заеднички дом и за Албанците и за Македонците

СВЕТ
04 февруари 2026

Благоевград со свеченост одбележа 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Бугари од Македонија и Бугарија го одбележаа 154 години од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Жители од битолската населба Баир со протести и блокада бараат возачки дозволи без полагање испит

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Прекин на сообраќајот на Плетвар и делумна блокада кај Кичево поради протести против измените на ЗБСП

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
04 февруари 2026

Руте: Западот разгледува три нивоа на безбедносни гаранции за Украина

СВЕТ
04 февруари 2026

Куповната моќ на минималната плата во Бугарија повисока од таа во Чешка, Латвија и Естонија

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Истрагата заврши, но ИПАРД-средствата за земјоделците сè уште замрзнати

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

„Ми земаа кола од 700 евра – со пет деца во шупа живеам“: Социјален бунт и блокади на патот Битола–Охрид

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Северна Македонија и Бугарија ќе го одбележат раѓањето на Гоце Делчев – заедничка историја, одделни прослави

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
04 февруари 2026

САД издаваат лиценца за експлоатација на нафта во Венецуела

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Уште еден регистриран транспорт на воена опрема од Северна Македонија кон Украина

МАКЕДОНИЈА
04 февруари 2026

Професорот Калајџиев критички за „Безбеден град“: „Се чувствувам како Големиот брат да нè лови по улиците“

СВЕТ
04 февруари 2026

Грција подготвува забрана за социјалните мрежи за лица под 15 години

ДРУГО
04 февруари 2026

Денес 4 февруари 2026 година се празнува: Светиот апостол Тимотеј

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 февруари 2026

Намален бројот на работниците во индустријата во 2025 година

МАКЕДОНИЈА
03 февруари 2026

Трендафилов: Владин инат ги чини работниците 6.000 денари повисоки плати

СВЕТ
03 февруари 2026

Софија до 2027 ќе има подолго метро од Варшава и Будимпешта

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега